3.8 C
Skopje
28 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаВЛЕН ја демантира ДУИ: Податоците за 2024 говорат за зголемена правична застапеност

ВЛЕН ја демантира ДУИ: Податоците за 2024 говорат за зголемена правична застапеност

- Advertisement -spot_img

Коалицијата ВЛЕН соопшти дека официјалните податоци за 2024 година ја демантираат кампањата на ДУИ за наводно намалување на правичната застапеност. Според нив, извештајот покажува дека застапеноста на Албанците не само што не опаднала, туку е зголемена – од 21,7 проценти во периодот кога ДУИ била на власт, на 22,3 проценти сега, кога ВЛЕН е дел од Владата.

Од ВЛЕН оценуваат дека ДУИ, по губењето на контролата врз институциите и поразите на локално ниво, се обидела да создаде страв и тензии меѓу граѓаните преку, како што велат, лажни наративи за „дешиптаризација“. Според коалицијата, овие тврдења немале за цел заштита на Албанците, туку зачувување на партиските позиции и интереси.

„Фактите се јасни и недвосмислени. Паниката што ја ширеше ДУИ беше вештачка, а пропагандата ниска. Реалноста покажува раст на правичната застапеност“, се наведува во реакцијата.

ВЛЕН истакнува дека со нивното учество во Владата започнува нов циклус, во кој за првпат по 23 години се подготвува Закон за правична и соодветна застапеност. Според најавите, законот ќе важи за сите институции, ќе биде јасен, обврзувачки и подложен на надзор, без можност за политички пазарења.

„Со ова се става крај на манипулациите и на користењето на граѓаните како алатка за партиски интереси“, порачуваат од ВЛЕН.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img