-0.2 C
Skopje
21 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаВладимир Панчевски поднесе кандидатура за државен јавен обвинител

Владимир Панчевски поднесе кандидатура за државен јавен обвинител

- Advertisement -spot_img

Поранешниот претседател на Основниот кривичен суд Скопје, Владимир Панчевски, поднесе кандидатура за функцијата државен јавен обвинител. Кандидатурата е доставена до Собранието, во рамки на тековната постапка за избор на нов шеф на јавното обвинителство.
Во пријавата, Панчевски наведува дека ги исполнува сите општи и посебни услови предвидени со закон за извршување на функцијата државен јавен обвинител, која до неодамна ја извршуваше Љупчо Коцевски.

Коцевски во декември поднесе оставка, непосредно пред Собранието да започне постапка за негово разрешување, по подолг период на јавни критики за неговата работа од страна на премиерот Христијан Мицкоски. До изборот на нов државен јавен обвинител, за вршител на должноста е назначена Анита Тополова-Исајловска, досегашна заменичка на Коцевски.

Досега, единствено уште поранешниот шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје, Мустафа Хајрулахи, јавно најави кандидатура за највисоката обвинителска функција во државата.

Собранието на 12 јануари распиша оглас за избор на нов државен јавен обвинител, со што официјално започна постапката. Рокот за пријавување е 15 дена од денот на објавувањето на огласот во „Службен весник“.

Според законските услови, кандидатите мора да имаат најмалку 10 години непрекинат работен стаж како јавни обвинители или судии од областа на кривичното право.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img