HomeМакедонијаВладата одзеде уште шест лиценци на фирми кои одгледуваат канабис

Владата одзеде уште шест лиценци на фирми кои одгледуваат канабис

- Advertisement -spot_img

Владата денеска донесе одлука за одземање лиценци на уште шест фирми кои одгледуваат марихуана, истакна владината портпаролка Марија Митева, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Митева посочи дека станува збор за законски пропусти при извршена проверка од страна на Комисијата која што е надлежна да ги провери сите услови што треба да ги поседуваат.

Со тоа, бројот на фирми што останаа без лиценца за производство на медицински канабис порасна на 12, откако Владата на 24 февруари, им ги одзеде лиценците на шест фирми – „Алфафарм“, „Гринлајф“, „ЦБД медплант“, „Лајфплант“, „Атафарм“ и „Канабидоис“ – по наоди за низа неправилности, од административни и инфраструктурни, до технолошки и кадровски.

Одземањето на лиценците е во рамки на вонредните контроли што ги започна Владата што ќе опфати вкупно 43 правни лица кои се занимаваат со одгледување канабис.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img