0.8 C
Skopje
31 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаВиновни политичката состојба во државата и приотисоците на власта

Виновни политичката состојба во државата и приотисоците на власта

- Advertisement -spot_img

Политичката слика во државата, притисоци од валста и „недовербата која гласачитеја чувствувале се уште кон СДСМ“ , но не и органиозацијата на партијата за избори. Ова според извештајот на раководството, до кој дојде ТВ 24, а кој на Конгресот на партијата го презентерираше генералниот секретар на СДСМ Александар Саша Димитријевиќ биле клучните причини поради која СДСМ го довеле до историски најкатастрофалниот пораз на локалните избори и освои само 126 000 гласови.

Според документотот кој има стотина страни СДСМ била добро организирана, со добар тим, со добри пораки, со активности кои стогнале до граѓаните и покриеност на сите сектори . А изборните резултати покажале дека, и покрај зголемувањето на бројот на гласови во дел од внатрешноста, СДСМ бележи загуба на гласови во Скопје, при што општиот впечаток останува впечаток на стагнација и задржување на истото ниво на поддршка.

„Резултатот од локалните избори покажа сеуште присутна недоверба и апатичност кон листите и кандидатите на СДСМ, доминантна во Главниот Град и поголемите градови во Македонија. Оттука можам да констатирам дека резултатот не беше одраз на организациската поставеност на СДСМ, некоординација помеѓу штабовите или потфрлање на ЦИШ на СДСМ генерално, туку на сеопштата политичка клима во Македонија и недоверба кон СДСМ која голем дел од електоратот сеуште ја чувтсвува„, стои во извештајот до кој дојде ТВ 24.

Во документот во кој детално набројува од тоа колку состаноци централниот изботен штаб, до тоа кои луѓе биле одговорни за одредени активности, но и колку според извештајот нивните дејствија биле успешни, во ниеден момент раководството не смета дека направило нешто погрешно во процесот, но и дека нивната стратегија која се темелел на реални политики била спроведена. Сите сектори тврдат дека биле успешни во актиносстите , единствено од Форумот на жени и сега веќе екс претседателката Даниела Колева која си поднесе оставка, е нотирано недоволна вклученост на раководството на терен, малку пари и слаба логистика.

„Теренските активности, вклучително и проектот „Врата до Врата“, претставуваа еден од најзначајните сегменти на изборната кампања. Преку директен и личен контакт со граѓаните, кампањата доби човечка димензија, а политичките пораки беа пренесувани со топол, искрен и автентичен тон. Овој пристап овозможи не само презентирање на програмските решенија, туку и активно слушање на ставовите, проблемите и очекувањата на граѓаните, што придонесе кон градење доверба и зајакнување на врската помеѓу политичките претставници и заедницата“, стои во документот.

Во извештајот сепак функционерите под водство на Венко Филипче признаваат дека како што стои во одредени опшни имало поделби кои влијаеле на резултататот, иако и од шест општини кои се истакнувата како добар пример СДСМ победи само во три.

„Во општините каде што постоеше јасна усогласеност, соработка и единство помеѓу кандидатот за градоначалник, претседателот на општинската организација и останатите партиски чинители (Крива Паланка, Крушево, Пробиштип, Демир Капија, Македонска Каменица и Зрновце), беа постигнати позитивни резултати или максимален можен ефект, и покрај објективните притисоци.Спротивно на тоа, во општините со изразени внатрепартиски поделби и недостаток на консензус (Битола, Прилеп и Куманово), проектните и кампањските активности не беа целосно синхронизирани, што значително ја ослабна партиската мобилизација и теренската организација“, пишува во извештајот.

Во документот се анализираат детално изборните во сите општини плус градот и се прави споредба со локланите изборо во 2021 , но и паралмемнтраните во 2020 и2024 Заклучокот е дека СДСМ нележи пад на гласови буквално во исте општини, една од причините која се користи како оправдување е ниската излезнсот , но генерално заклучокот е дека партијата иако се тврди дека е консолидирана , резултатитре покажуваат тренд на опаѓање. Најмалку освоини гласови има во Шуто Оризари и Чаир , а најголем е поразот е во Скопје , каде пред СДСМ и Каја Шукова беа и ВМРО ДПМНЕ, Левица, ДУИ и Вреди.

„Кандидатите за општински градоначалници во осумте скопски општини каде што СДСМ имаше свои кандидати, освоија вкупно 33629 гласови, додека кандидатот за градоначалник на Град Скопје освои 26737 гласови или 6892 гласови помалку. Ако пак се земат предвид освоените гласови на кандидатот за градоначалник на Град Скопје во осумте општини каде СДСМ имаше свои кандидати за градоначалници, оваа разлика е уште поевидентна и изнесува точно 8000 гласови“ пишува во извештајот.

Интересен е фактот што во општина Ѓирче Петров се издвојува кмапањата на кандидатот Костадин Ацевски, кој изгуби и по изборите побара оставка од Филипче, која според документот е различна од таа централата , но не и кампањата на Горан Герасимовски во Центра кој победи, но и кој водеше истотака различна кампања, но и различно лого од централата. Од општините во внатрешноста во најголем број СДСМ има пад на алсови, но камо светли точки го издвојуваат Вевчани, Босилово, Богданци, Кривогаштрани, Берово, Градско, Дебарца, Дебар, Зрновци, Дојран, Конче…За резултатот на Мартин Костовски во Куманово се користи формулација – „дебакл“, додека за поразот на Марјан Даскалов во Струмица дека „Општина Струмица, “вечниот“ бастион на СДСМ, на овие локални избори, многу лесно, го предаде на ВМРО ДПМНЕ, како мнозинството во советот, така и позицијата градоначалник.“ За лошиот резултат и тоа што СДСМ воопшто не влезе во вториот круг во Кочани од СДСМ се повикуваат на катастрофата во „Пулс“ и бојкотот и апатијата кај нивните поддржували, но и како што велат притисоците од ВМРО ДПМНЕ.

„ВМРО ДПМНЕ, газејќи го достоинството на сите засегнати со трагедијата, не бирајќи средста, ги вложи сите напори да ги добие изборите во Кочани, калкулирајќи дека на таков начин ќе може, донекаде да ја избегне одговорноста на одредини нивни активисти кои до сега не беа опфатени со истрагата“ , стои во извештајот .

И покрај детално анализирираниот пад на бројот на гласови во сите поголеми општини, како и фијаското во речиси сите општини, неуспехот да се влезе во вториот круг, извештајот на раководтсвото на Филипче, презентиран од гемералниот секретар и шеф на изборемн штаб, заклучокот е дека според математиките на СДСМ, ако биле овие избори биле парламентрани , СДСМ ќе освоела 20 пратеници, однсоно 2 плус од сега,од 18-те што ги има сега со НСДП и ЛДП. Според истатата математика на СДСМ , ВМРО ДПМНЕ би имала 52 патеници, ДУИ истотака 20, Вреди 16, Левица 7, а ЗНАМ 5.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img