домаРегионВИДЕО | ВОДЕН ПЕКОЛ ВО ГРЦИЈА - Поројот носеше автомобили како играчки,...

ВИДЕО | ВОДЕН ПЕКОЛ ВО ГРЦИЈА – Поројот носеше автомобили како играчки, куќи под вода, жена погодена од гром

- Advertisement -spot_img

Силно невреме го погоди Пелопонез, предизвикувајќи за само неколку минути големи поплави и сериозен хаос во областа Мани. Поројната вода носела автомобили, поплавувала куќи и туристички објекти и оштетила патишта, а противпожарната служба добила десетици повици за помош. Во Итило, жена била погодена од гром додека била во автомобил и итно била пренесена во болница во Спарта, додека најмалку десет лица биле безбедно извлечени од своите возила.

Најтешко погодени се населените места Алипа, Кокала, Итило, Лимени и Каравостаси, каде што поројниот дожд предизвикал големи количества вода и кал. Во Алипа, на одредени места водата достигнала до прозорците на објектите, а поплавени биле куќи и туристички сместувања.

Водената стихија однела и неколку автомобили во морето, додека делови од патната инфраструктура биле уништени. Оштетени се и локални мостови.

На социјалните мрежи се појавија снимки од последиците од невремето, на кои се гледа како огромни количества вода се слеваат од повисоките делови и навлегуваат во домовите и објектите.

Министерот за здравство на Грција, Адонис Георгиадис, соопшти дека Националниот здравствен систем е ставен во целосна готовност поради последиците од невремето.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img