домаСвет(Видео) Седум ученици загинаа, а 99 лица се повредени во експлозија кај...

(Видео) Седум ученици загинаа, а 99 лица се повредени во експлозија кај училиште во Авганистан

- Advertisement -spot_img

Седум ученици загинаа, а до 99 лица се повредени во силна експлозија во близина на училиште во покраината Кунар, во североисточен Авганистан.

Експлозијата се случила во предградие на Асадбад, главниот град на покраината која граничи со Пакистан. Според првичните наоди, можно е несреќата да била предизвикана од невнимание при складирање експлозивни средства што им припаѓале на рударски компании.

Во експлозијата бил оштетен училишниот објект, а дел од зградата се урнал. Локалните власти информираат дека до 15 повредени лица биле задржани на болничко лекување, додека останатите биле пуштени по укажаната медицинска помош.

Авганистанските власти отворија истрага за утврдување на причините и околностите на експлозијата. Дополнителни информации најавија по завршувањето на истрагата.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img