домаСпорт(Видео) Наместо да ја слават ттиулата, навивачиѕе на Славија решија да го...

(Видео) Наместо да ја слават ттиулата, навивачиѕе на Славија решија да го прекинат дербито со Спарта

- Advertisement -spot_img

Натпреварот од второто коло од ТОП6 фазата на чешкото фудбалско првенство, во кој Славија се сретна со Спарта во прашкото дерби, беше прекинат поради дивеењето на домашните навивачите.

Натпреварот беше прекинат во седмата минута од судиското продолжение, а потоа дефинитивно прекинат откако домашните навивачи втрчаа на теренот, поради што двата тима веднаш заминаа во соблекувалните.

Во моментот кога беше прекинат натпреварот, останаа само неколку минути до крајот, при водство на Славија 3:2. Со победата Славија ќе можеше да ја прослави титулата.

Славија е лидер на табелата со 74 бода, додека Спарта е втора со осум помалку. Остануваат уште три кола до крајот на сезоната.

Неколку стотици локални навивачи, од кои некои имаа димни бомби, втрчаа на теренот од непознати причини, што го принуди судијата Карел Ручек да го прекине натпреварот, а потоа да ги испрати играчите во соблекувалната – без натпреварот да заврши.

Ситуацијата дополнително ескалираше кога навивачите се судрија со голманот на гостите Јакуб Суровчик, кој го напушти теренот со повреди.

Од безбедносни причини, Спарта одлучи да не го продолжи натпреварот, играчите веднаш си заминаа од стадионот.

Покрај Суровчик, наводно биле нападнати и Матјас Војта и член на медицинскиот персонал на Спарта.

„Некој да ми се приближи за време на натпреварот, да ми се заканува во лице и физички да ме нападне, тоа е апсолутно неприфатливо. Ќе го следам овој случај преку законски средства“, напиша Суровчик на својот профил на Инстаграм.

„Навистина ми е жал што морам да го кажам ова, бидејќи мислев дека заедно ќе ја славиме титулата. Но, работите се одвиваа поинаку, бидејќи двајца играчи на Спарта беа физички нападнати“ рече првиот човек на Славија, политичарот Јарослав Тврдик.

Сè уште не е јасно какви последици ќе има овој инцидент за Слави. Тврдик призна дека постои можност натпреварот да заврши со службен резултат во корист на Спарта.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img