9.8 C
Skopje
8 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонија(ВИДЕО) Министерството за спорт реализира уште еден проект – Дебар со нов...

(ВИДЕО) Министерството за спорт реализира уште еден проект – Дебар со нов простор за спорт и рекреација

- Advertisement -spot_img

Министерството за спорт денеска официјално го пушти во употреба реконструираниот спортски центар во Дебар, уште еден од низата инфраструктурни проекти со кои се унапредува спортската мрежа низ државата.

На свеченото отворање присуствуваа министерот за спорт Борко Ристовски и заменичката министерка Сафије Садики Шаини, кои ја означија официјалната примопредавање на новиот спортски објект.

Со оваа инвестиција, реализирана во соработка со Општина Дебар, граѓаните добиваат современ, функционален и безбеден простор за спорт и рекреација.

Во рамки на центарот се изградени ново фудбалско игралиште, како и терени за кошарка и одбојка со полипропиленска подлога, кои овозможуваат користење во текот на целата година.

Министерот Ристовски истакна дека вложувањето во спортската инфраструктура низ сите региони на државата е еден од врвните приоритети на Министерството:

„Со ваквите проекти покажуваме дека спортот не е привилегија само на големите градови. Нашата заложба е секое дете, секој млад спортист и секој граѓанин да има пристап до уредени спортски простори во својата општина,“ изјави министерот Ристовски.

Реконструкцијата на спортскиот центар во Дебар е дел од националната програма за унапредување на локалната спортска инфраструктура, преку која Министерството за спорт досега има реализирано повеќе од 40 проекти низ државата.

Со овој проект, Дебар добива нова енергична точка за спорт и заедништво, а Министерството за спорт продолжува со својата мисија – еднакви услови за сите млади да спортуваат и да водат здрав живот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img