HomeСпорт(Видео) Лацио „комиран“ по дуелот со Комо

(Видео) Лацио „комиран“ по дуелот со Комо

- Advertisement -spot_img

Избраниците на тренерот Сеск Фабрегас им нанесоа тежок пораз на „лациалите“ во последниот натпревар од 21-то коло од Серија А и ја продлабочија кризата на тимот предводен од искусниот Маруцио Сари.

Комо, среде Рим, го декласира Лацио со 3:0. До победата Комо го предводеа талентираните Нико Паз и Батурина.

Хрватот Батурина го постигна првиот гол по 120 секунди игра, Паз зголеми на 2:0 во 24-та минута, а до крајот на полувремето младиот Аргентинец не реализира пенал. Сепак тој стави точка на мечот во 49-та минута, по асистенцијата на Батурина.

Комо ја забележа петтата гостинска победа од почетокот на сезоната, се наоѓа на шестото место со 37 поени, два помалку од Јувентус на петтата позиција. Тоа се одразува во една победа во последните шест кола од „калката“ и, од вечерва, новиот најтежок пораз на „орлите“ во Рим од почетокот на сезоната: Лацио – Комо 0:3 (0:2).

Лацио, продолжи да тоне, тимот на Сари има седум победи и истото толку нерешени и порази по 21 натпревар во Серија А. Лацио на последните шест натпревари забележа само една победа.

Foto/ EPA

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img