5.8 C
Skopje
1 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeШоубиз(ВИДЕО+ФОТО) Лепа Брена оди во пензија: „Сфатив дека е време да се...

(ВИДЕО+ФОТО) Лепа Брена оди во пензија: „Сфатив дека е време да се фокусирам на себе“

- Advertisement -spot_img

Пејачката Лепа Брена (64), која се појави на поп-сцената на Србија пред повеќе од 40 години, официјално се пензионираше ова лето.
Според извор близок до пејачката за 24sedam.rs, Брена ги поднела потребните документи за пензионирање пред неколку месеци, а сега добила решение од фондот со кое остварила право на надомест.

 

Изворот на споменатиот медиум истакнува дека ова ново поглавје во животот на пејачката предизвикало кај неа да се разбудат бројни спомени што ги доживеала за време на кариерата, но и дека не е многу среќна колку брзо минува времето.
„Таа е среќна што се пензионирала, но не се чувствува како пензионерка и самата таа титула ѝ е чудна. Особено затоа што нема да го промени својот животен стил. Брена ќе продолжи да настапува како и порано, но и ќе ужива максимално, што веќе го започна за време на короната. Потоа сфати дека е време повеќе да се посвети на себе и на Боба по години напорна работа“, вели изворот.
Да потсетиме дека Брена еднаш зборуваше за можноста за пензионирање, а потоа истакна дека е во период кога најмногу ужива во работата и концертите.

 

Боба е заслужен за бизнисот
„Не сакам пензија. Ја сакав кога имав 29-30 години. Постои една приказна, кога отидов кај Ванга и Ванга ми рече дека следната година, кога ќе дојдам во Бугарија, повторно да ја посетам, а јас тогаш одговорив дека ќе се пензионирам следната година затоа што навистина работев напорно“, рекла Брена во тоа време. Потоа додала:
„Во тоа време, правев по два концерта дневно со „Слатки греха“. Беше толку заморно за мене што сакав да се занимавам со некој нов бизнис, имав некои идеи и планови. Не знаев дека ќе го запознаам Слободан Живојиновиќ, кој ќе го преземе тој бизнис/план и ќе ми го промени животот. Значи, тој го работи бизнисот, а ми дозволи да се занимавам и со шоу-бизнис, затоа што јас навистина ја сакам оваа работа. Она што е многу важно е навистина да имам време да се бавам со мојата публика и да им ја посветам целата моја љубов, сила и енергија. Секако, сето тоа доаѓа од моето семејство и дел од приватниот живот. Дури почнав и да уживам во тоа во моите доцни години, па нема ништо од пензионирањето“, објаснила Лепа Брена накратко.

 

Можеби Лепа Брена е пензионерка, по звање и возраста, но сеуште плени на концертните сцени. А, добра потврда за тоа е и неодамнешниот концерт во Охрид.

Фото: Принтскрин/Instagram

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img