5.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeШоубиз(Видео) Александра Јанева со преработка на безвременската „Ми подаваш рака“

(Видео) Александра Јанева со преработка на безвременската „Ми подаваш рака“

- Advertisement -spot_img

Инспирирана од минатото и неповторливата носталгична нота што ја носат македонските евергрини, Јанева ја изненади публиката со својата официјална преработка на безвременската „Ми подаваш рака“ од Даниела Панчетовиќ.

Оваа култна македонска балада беше изведена во 1978 година од Даниела Панчетовиќ на фестивалот „Скопје“. Автор на музиката е Мане Колев, текстот е на Ѓоко Георгиев, а аранжманот е на Кире Костов.

Новиот реаранжман на песната го изработи Лазар Цветкоски и заедно со Јанева дадоа нов, модерен звук и позитивен дух, кој многу прецизно ја отсликува и доловува пораката на самата песна – поддршката и потпората од најблиските е она што нѐ води низ животот, љубовта е најсилна и најзначајна кога се дели. Во преработката Александра го има искористено оригиналниот семпл од оригиналното аудио што тече низ целата песна, а особено може да се слушне на крајот од преработката сакајќи да ја задржи автентичноста на самата песна.

Видеото го изработи Даниел Јовески отсликувајќи ги најубавите агли од нашиот преубав Охрид. Во видеото се присутни повеќе пријатели на Јанева, атмосферата е ведра и позитивна и зрачи со топлина.

Овој проект Јанева го најавуваше веќе некое време, а покрај тоа, во неколку наврати на своите социјални мрежи најави нова музика за претстојниот период.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img