домаХроникаВелешанка ја пријавила поранешната партнерка на својот син

Велешанка ја пријавила поранешната партнерка на својот син

- Advertisement -spot_img

Полицијата во Велес постапувала по пријава од 59-годишна жена, која навела дека добивала закани од 31-годишна велешанка, инаку поранешна вонбрачна партнерка на нејзиниот син.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 2 септември, во 15:30 часот, полициски службеници од СВР Велес извршиле службен разговор со Д.Р., по претходно поднесена пријава од 59-годишната жена.

Според пријавеното, Д.Р. наводно ѝ упатувала заканувачки пораки на жената преку телефон, но и преку апликација на социјална мрежа.

Случајот бил пријавен до надлежните институции, а за настанот бил известен и јавен обвинител.

Полицијата продолжува со проверките и собирањето на потребните информации со цел целосно да се утврдат околностите поврзани со пријавата.

Од МВР соопштуваат дека по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img