домаСпортВардар после девет години победи во Тетово и го презеде врвот

Вардар после девет години победи во Тетово и го презеде врвот

- Advertisement -spot_img

Скопски Вардар е нов лидер на прволигашката табела откако во големото дерби ја победи Шкендија со 1-0. Сега најтрофејниот македонски клуб е единствен непоразен тим во лигата.

Стрелец на голот за Вардар беше Давид Бабунски од пенал на почетокот на второто полувреме.

Вардар девет години немаше лигашка победа во Тетово, а денеска конечно го разби малерот, благодарение и на постоењето на ВАР технологијата. Во финишот Бесарт Ибраими даде убав гол, но беше поништен поради очигледен офсајд, па радоста на актуелниот првак и неговите фанови беше прекината.

Сега Вардар е прв на табелата со 24 бодови пред Струга со 23, а Силекс и Шкендија имаат по 21.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img