домаМакедонијаВ четврток ќе биде отворен првиот Национален пчеларски центар

В четврток ќе биде отворен првиот Национален пчеларски центар

- Advertisement -spot_img

Во рамките на проектот „Жените пчеларки како двигатели на позитивни промени во Република Северна Македонија“, финансиран од Владата на Словенија, в четврток ќе биде отворен Националниот пчеларски центар, прв од ваков вид во земјава.

Од Развојната и хумантирна агенција „АДРА Македонија“ информираат дека Центарот ќе биде регионален катализатор на знаење, каде што пчеларите, особено жените претприемачи во пчеларството, ќе можат практично да се запознаат со напредните технологии за екстракција, преработка и пакување на пчелните производи, во согласност со највисоките хигиенски и технолошки стандарди.

– Современите предизвици во пчеларството бараат стручен пристап, едукација и соодветна техничка опременост. Новоотворениот погон е опремен со современа професионална опрема и нагледни средства. Преку организирана обука, работилници и практични демонстрации, Центарот ќе овозможи пренос на стручни знаења, подигање на квалитетот на македонскиот мед и зголемување на конкурентноста на пазарот – наведуваат од „АДРА Македонија“.

Проектот „Жените пчеларки како двигатели на позитивни промени во Република Северна Македонија“ се спроведува веќе четврта година, од страна на Развојната и хуманитарна агенција „АДРА Македонија“.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img