Голем дел од Тетово и неколку околни населени места утре (25 декември) ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини во снабдувањето, информираат надлежните служби.
Според најавата, прекините ќе се реализираат во периодот од 06:00 до 07:00 часот, а ќе бидат опфатени повеќе локации во градот Тетово, како и населбите и селата Жилче, Гургурница, Озормиште, Селдарево, Сиричино, Требош и Шемшево.
Во Тетово, без струја ќе бидат делови од градот, вклучувајќи објекти во населбите Поток и Дреновец, околината на болницата, улиците Сандански и 29 Ноември, централното градско подрачје, Горна чаршија, кај Културниот дом, Гимназијата, Ленин, блок 70, како и објекти во близина на Комерцијална банка и Малиот хидроенергетски центар.
Од надлежната институција апелираат до граѓаните навремено да ги прилагодат своите активности и да имаат разбирање, посочувајќи дека прекините се неопходни заради одржување и подобрување на електроенергетската мрежа.







