Од Електродистрибуција соопштија дека поради технички зафати и реконструкција на електродистрибутивната мрежа, утре (07.10.2026 година) повеќе населени места и улици во Скопје и околината ќе останат без струја во различни временски интервали.
– Петровец: Од 08:30 до 15:00 часот, без напојување ќе биде дел од потрошувачите во село Горно Блаце, поради реконструкција на нисконапонски извод.
– Студеничани: Поради планирани зафати во мрежата, од 08:30 до 12:30 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на улицата Студеничанска.
– Карпош: Без струја во периодот од 09:00 до 13:00 часот ќе бидат делови од улиците „Козле“ и „Славко Брезовски“, лоцирани позади училиштето „Владо Тасевски“.
– Илинден: Во селото Ајватовци (дерек од улица 1, кај потрошувачите Јовановска Трајанка, Ангеловски Гоце и Томовски Зоран), струја нема да има од 09:00 до 13:00 часот поради реконструкција на извод во ТС Бунарџик 1.
– Центар: Од 11:00 до 14:26 часот, исклучени од мрежата ќе бидат објектите на улицата „Славејко Арсов“ на излезот кон булеварот „Тодор Александров“, во близина на Британската и Француската амбасада, како и институтот ИЗИИС.






