Уставниот суд на Република Северна Македонија од 4 март почнува со директен пренос на седниците.
Јавноста ќе може во живо да ги следи седниците преку официјалната веб-страница, како и преку канали на Судот на YouTube и Facebook.
Како што велат од судот, граѓаните на овој начин ќе добијат можност во реално време да го следат текот на расправите, аргументите во процесот на одлучување и начинот на кој се носат одлуките од значење за правниот поредок.
Од Судот посочуваат дека одлуката е донесена со мнозинство гласови од актуелниот состав, со цел унапредување на транспарентното и отчетно институционално работење и зајакнување на довербата во правната држава.








