0.8 C
Skopje
31 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeРегионУставни измени по изборите, пораки и очекувања

Уставни измени по изборите, пораки и очекувања

- Advertisement -spot_img

Уставните измени се тие што ќе го отворат патот за преговорите на земјата со ЕУ порача европратеникот и известувач за Македонија, Томас Вајц според кого, тоа е и начин „земјата да се остане  на вистинскиот пат“.

Во изјава за Европската новинска редакција порачува дека се надева дека  по изборите ќе се направат потребните уставни измени за вклучување на бугарската заедница во Уставот како малцинство. 

Томас Вајц – Европратеник и известувач за Р.С.М во Европскиот парламент 

(Северна Македонија е блокирана од Бугарија, всушност , има многу прашања поврзани со идентитетот што го блокираат нејзиниот напредок“). 

Ова е само една од пораките која периодов стига на адреса на Илинденска број 2 откако вчера пак бугарскиот претседател Румен Радев кој како домаќин на средбата со Унгарскиот негов колега Тамаш Сујок  побарал Унгарија да ја убеди Македонија оти промената на Уставот и европскиот консензус по однос на ова прашање се неотповиклив услов за членство во Европската Унија. 

Ваквиот повик Радев го упатува до Унгарија поради како што посочува добрите историски и културни врски меѓу Скопје и Будимпешта  за кои бугарскиот државен врв смета дека можат да помогнат во откочување на процесот . 

Двајцата претседатели, меѓу другото, разговарале за ситуацијата на Западен Балкан и за проширувањето на Европската Унија. Во оваа смисла Радев нагласил дека Бугарија ги поддржува своите соседи на европскиот пат, но инсистира проценката за пристапување да се прави врз основа на заслуги.

Сите овие пораки доаѓаат во време кога земјата е во изборен процес  а предизборно Скопје  го  посети и претседателката на ЕК Урсула Фон де Лајен . Премиерот Мицкоски пак и претходно најавуваше дека очекува интензивирање на процесот со акцент на евроинтеграциите по завршување на вториот круг од локалните избори . 

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img