1.8 C
Skopje
20 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeСветУште еден новинар убиен во израелски напад врз Газа, вкупниот број на...

Уште еден новинар убиен во израелски напад врз Газа, вкупниот број на убиени медиумски лица се искачи на шест

- Advertisement -spot_img

Уште еден палестински новинар беше убиен во напад на израелската армија врз шаторот што го користела екипа од катарската телевизија Ал Џезира во Газа синоќа, со што вкупниот број на убиени медиумски лица се искачи на шест, соопшти локалната Цивилна одбрана и еден болнички службеник.

-Фотографот Мохамед ал-Халди почина од раните. Со ова, бројот на жртви се искачи на шест, изјави Махмуд Басал, портпарол на Цивилната одбрана во Појасот Газа.

Ал-Халди беше новинар на слободна пракса кој работеше со локалните медиуми. Мохамед Абу Салмија, директорот на болницата Ал-Шифа, во близина на која беше поставен шаторот, ја потврди неговата смрт.

Меѓу жртвите на нападот беше и 28-годишниот новинар на Ал Џезира, Анас ал-Шариф, за кого израелската војска рече дека бил нивна цел. Тие го нарекоа „терорист“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img