Реформите во изборното законодавство ќе почекаат уште малку. Првата конститутивна седница на работната група која требаше денеска да се одржи пропадна затоа што дел од албанските партии реагирале што материјалите не биле преведени на албански јазик.
„Иако денес требаше да биде одржана првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборно законодавство на која требаше да се избере претседател како и да се донесе предлог-деловник за утврдување на методологијата и динамиката на работење, сепак тоа не се случи поради одредени јазични бариери. Од дел од присутните претставници на политичките партии беше побарано материјалите да бидат преведени за полесно да можат да се разберат“…
Од ЗНАМ велат дека ќе се залагаат за една изборна единица, СДСМ очекува консензус во кој ќе се опфатат сите забелешки.
Од ЛДП го повторија ставот за една изборна единица со отворени листи. Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат дека активно ќе учествуваат во процесот и очекуваат решение со кое ќе се овозможи транспаратен изборен процес, додека пак Левица се сомнева дека намерно се бирократизира целиот процес што отвора сомнеж во волјата на власта за нови реформи.
Според информациите објавени претходно, нов изборeн законик ќе се носи доколку се предложат повеќе од 30 проценти измени на сегашниот. Рокот до кој треба да биде донесен е до јуни оваа година.








