Орце Ѓорѓиевски, вчера во Топ Тема зборуваше за амбиенталниот воздух во градот. Тој посочи дека загадувањето не се должи само на цементницата Усје, туку дека проблемот постои со години.
„Усје според мене не е единствениот кој влијае на влошување на амбиенталниот воздух во главниот град. Сите го дишеме тоа и го живееме многу години наназад. Сега транспарентноста е зголемена и треба граѓаните да го знаат тоа. Сите овие индустрии треба да бидат надвор од градот“, рече Ѓорѓиевски.
Градоначалникот истакна дека приватната сопственост го ограничува директното дејствување на градот. Па така за Усје вели дека е привата сопственост и тој како градоначалник не може да влезе кај некој дома и да каже „од денес нема тука да ви стои гарнитурата“. Сепак посочи дека потенцијалните загадувачи постепено треба да се изолираат, особено од централното градско подрачје како и да се зголемат контролите.








