6.8 C
Skopje
24 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаУправни одбори со три наместо 14 члена, изборот на јавен оглас

Управни одбори со три наместо 14 члена, изборот на јавен оглас

- Advertisement -spot_img

Наместо досегашната практика да се именуваат на владини седници врз основа на партиски списоци, тие да се избираат по спроведен јавен конкурс. Ова значајна новина, која треба да го направи работењето на управните одбори поефикасно и поевтино, денеска ја најави министерот за јавна администрација, Горан Минчев. На брифингот со новинарите, тој го наведе примерот во кој членови на Управниот совет на Инспекцискиот совет до неодамна земале месечен надоместок од по 2.000 до 2.500 евра за само една-две седници месечно. Откако бил трансформиран овој Совет, државата сега штеди и до 300.000 евра месечно.

Наместо досегашните седуммина, деветмина, па и 14-мина членови, кои месечно добиваат дури и по неколку илјади евра, управните одбори на фондовите, агенциите и на сличните органи на извршната власт да имаат само по тројца членови. Наместо досегашната практика да се именуваат на владини седници врз основа на партиски списоци, тие да се избираат по спроведен јавен конкурс. Ова значајна новина, која треба да го направи работењето на управните одбори поефикасно и поевтино, денеска ја најави министерот за јавна администрација, Горан Минчев. На брифингот со новинарите, тој откри каква ќе биде главната содржина на новиот закон за висока раководна служба, кој до крајот на годинава ќе ѝ биде ставен на увид на јавноста, преку системот ЕНЕР.

– Во законот ние предлагаме управните одбори да имаат само тројца членови. Сега имаме различни ситуации во однос на бројот на членовите на управните одбори по фондовите, агенциите и сличните органи. Некаде има седуммина, некаде деветмина, а некаде дури и по 14-мина членови. И сите тие добиваат завиден месечен надоместок или надоместок по одржани седници. Со ова сакаме бројот на нивни членови значително да се намали, со што ќе се оствари значителна заштеда за државниот буџет – објасни вчера министерот Горан Минчев.

На прашањето дали очекува да биде поддржана ваквата радикална промена во натамошната постапка, тој одговори дека силно ќе се борат за да биде прифатена.

– До Нова година, ќе ѝ го ставиме предлогот на увид на јавноста за да ги чуеме сите критички забелешки. Овој предлог ќе погоди многу страни, но ние сме подготвени да го браниме. За три позиции во управните одбори ќе се објавуваат јавни конкурси на кои ќе можат да се пријавуваат заинтересираните лица – објасни Минчев.

Тој го наведе примерот во кој членови на Управниот совет на Инспекцискиот совет до неодамна земале месечен надоместок од по 2.000 до 2.500 евра за само една-две седници месечно. Откако бил трансформиран овој Совет, државата сега штеди и до 300.000 евра месечно.

Тој најави дека новото законско решение предвидува и да се избираат директорите на ваквите институции преку јавен конкурс, а не како досега, само да се именуваат преку процедурите во Владата.

– За нив ќе има конкурси, при што ќе се заострат и критериумите за да може некој да конкурира на нив. Ќе биде потребно да се упатени во областа во која сакаат да се ангажираат. Сето ова што го правиме е во рамките на нашите реформски напори за да спречиме партизација на јавната администрација и таа да стане деполитизирана – потенцираше министерот.

Со овој закон не се прецизира бројот на членови во надзорните одбори, бидејќи таа материја се уредува со други закони.

Ова е само еден од законите во рамките на реформската агенда што треба да ги предложи ова Министерство. Посебна работна група работи на законот за организација и работа на органите на државната управа, чија цел и решение за намалување на бројот на органите треба да се дефинира во текот на следната година.

– Исклучително ни е битен процесот на департизација во државата. Сето тоа се големи законски залаци. Овие закони не биле донесени во изминативе десет години, а наназад пет години се дел од секој извештај на ЕК за Македонија. Сега сакаме да се донесат во текот на следната година, како дел од реформската агенда – нагласи Минчев. (Б. Ѓ.)

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img