HomeМакедонијаУниверзитетската клиника за кардиохирургија под лупа на финансиската полиција

Универзитетската клиника за кардиохирургија под лупа на финансиската полиција

- Advertisement -spot_img

Универзитетската клиника за кардиохирургија под лупа на финансиската полиција. Од таму за ТВ 24 велат дека во тек е предистрага, со цел да се утврди дали на клиниката имало злоупотреби и незаконски постапувања со јавни средства.

Проверката започнала откако до Управата за финансиска полиција стигнала анонимна пријава, во која се наведуваат сомнежи за сериозни неправилности во работењето на државната болница.

Управа за финансиска полиција:

„Во Управата за финансиска полиција е пристигната анонимна пријава во која се истакнати наводи за неправилности во работењето на ЈЗУ Универзитетска клиника за државна кардиохирургија, за што од наша страна во тек се проверки и предистражни дејствија со цел утврдување на евентуални неправилности и инкриминирани дејствија во рамките на надлежноста.“

Клиниката, во меѓувреме пак се соочува и со алармантен одлив на стручен кадар. Во моментов функционира само со двајца кардио-анестезиолози, кои се клучни за операциите на срце. Министерот за здравство најави дека дел од проблемот ќе се решава со ангажман на доктори од Словенија, кои би работеле заедно со нашите хирурзи за да нема застој во операциите. Но, освен најавите, засега нема конкретни информации кога тоа ќе се реализира. Од Министерството за здравство велат дека допрва треба да се потпише договорот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img