Во Москва се случи експлозија во која загинаа двајца руски полицајци и уште едно лице, соопштија руските власти. Според информациите на Истражниот комитет, инцидентот се случил на улицата „Елецкаја“ кога полицајците забележале сомнително лице и се приближиле да го приведат, а тогаш детонирала експлозивна направа.
Руските медиуми ги објавија имињата на загинатите полицајци: Илја Климанов (24) и Максим Горбунов (25). Горбунов остави сопруга и деветмесечна ќерка. Истражниот комитет отвори кривична постапка за случајот.
Извори од украинската воена разузнавачка агенција (ГУР) потврдија за „Киев пост“ дека агенцијата била вмешана во нападот. Според изворите, двајцата полицајци претходно учествувале во руската инвазија на Украина и мачеле украински воени заробеници.







