Од 9.30 часот сообраќајот на наплатната станица Отовица, односно патниот правец Велес-Скопје е нормализиран, информираат од Автомото-сојузот на Македонија.
Сообраќајот на овој патен правец беше целосно затворен од Од 9.16 часот поради расчистување на снегот.
ЈП Македонијапат соопшти дека од 9 часот воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар.
Надлежните служби апелира возачите да ја следат состојбата на патиштата и да ги почитуваат привремените сообраќајни мерки.








