домаМакедонијаУгостителските објекти во Струга ќе работат до 2 односно до 3 часот...

Угостителските објекти во Струга ќе работат до 2 односно до 3 часот по полноќ

- Advertisement -spot_img

Угостителските објекти во Струга во текот на летната сезона ќе можат да работат еден час подолго од вообичаеното, а за претстојниот продолжен празничен викенд ќе имаат дозвола за работа до три часот по полноќ.

Одлуката ја донесе Советот на Општина Струга на последната седница, со цел да се овозможи непречено одржување на културни, туристички и други јавни манифестации. Согласно одлуката, за време на викендите и јавните настани угостителските објекти наместо до 1 часот по полноќ ќе работат до 2 часот, додека на 1, 2 и 3 август работното време ќе биде продолжено до 3 часот по полноќ.

Од Општина Струга информираат дека продолжувањето на работното време за еден час ќе важи и на 26, 27 и 28 јули, како и на 5, 6, 7, 9, 13, 14, 15, 26, 28 и 29 август, 8 и 28 септември, 11 и 23 октомври, 1, 8 и 22 ноември, како и 21 и 25 декември 2026 година.

Според локалната самоуправа, мерката има за цел да ја поддржи туристичката сезона, локалната економија и подобрата организација на настаните што придонесуваат за промоција на Струга како атрактивна туристичка дестинација.

„Општина Струга продолжува да создава услови за развој на туризмот, угостителството и културниот живот, притоа почитувајќи ја законската регулатива и интересите на граѓаните“, соопштија од општинската прес-служба.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img