На прагот на учебната година, мерката училишна кошничка повторно ќе биде активна. Како и претходните две години, така и годинава, Владата врши интервенција во цените на училишниот прибор, со цел помош за родителите и зачувување на куповната моќ. Одлуката ќе биде донесена во вторник, на владина седница, откако претходно беше остварен состанок во Министерството за економија со трговците со училиштен прибор.
Во изминатите две години „училишната кошничка“ важеше до 15-ти септември, а училишниот прибор се продаваше со ограничени маржи и најмалку 10 отсто пониски цени. Според владините пресметки, семејство со две ученици можело да заштеди околу 3.000 денари.
Паралелно со подготовките за новата учебна година, течат и августовските уписи за прво одделение. Од Министерството за образование и наука, пак, велат евидентно е дека бројот на запишани првоодделенци ќе биде помал годинава, споредбено со лани.
Годинава се очекува да бидат запишани околу 3.000 првоодделенци помалку од минатата година, но конечните бројки ќе ги имаме на крајот од септември, велат од ресорното министерство.






