Убиство Во Битола, во населбата Баир на улицата „5-та“, рано утрово во кое жртва е млада жена родена 1995 година односно на триесетиедно годишна возраст.
Настанот се случил во раните утрински часови, околу 07:30 часот по семејна расправија.
Според првичните информациите до кои дојде Телма станува збор за инцидент при вршење семејно насилство во кој мажот си ја убил сопругата.
Осомничениот за убиството е лишен од слобода. Надлежните органи вршат увид на местото на настанот. Повеќе детали за мотивите и околностите се очекуваат во текот на денот по завршувањето на истрагата.








