Уапсена жена од Велес која се заканувала на сестра си.
– На 10.05.2026 во 15:35 во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода 49-годишна велешанка, постапувајќи по претходна пријава дека најпрво со пораки се заканувала на нејзината 52-годишна сестра, по што отишла во нејзиниот двор и продолжила со заканите. Таа била задржана во полициска станица, известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес, информираа од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот и по целосно документирање против сторителката ќе биде поднесена соодветна пријава.








