0.8 C
Skopje
2 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeСпортУапсен навивач на Пелистер по вчерашното дерби со Вардар

Уапсен навивач на Пелистер по вчерашното дерби со Вардар

- Advertisement -spot_img

Како што јавува Министерството за Внатрешни работи на Република Македонија, синоќа е приведен навивач на РК Пелистер, член на навивачката група „Чкембари“ во Кавадарци за време на одигрување на дуелот против РК Вардар во рамките од Супер купот.

Причината како што се наведува во соопштението е недоличното и вулгарно однесување кон играчите на РК Вардар.

Соопштението од МВР ви го пренесуваме во целост.

Приведен навивач за агресивно однесување на ракометен натпревар, следува пријава и за организаторот согласно Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари

На 03.09.2025 во 20:15 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле А.Р.(24) од Битола затоа што во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци, за време на одигрување на ракометен натпревар помеѓу екипите на РК Вардар од Скопје и РК-Еурофарм Пелистер од Битола, недолично и агресивно се однесувал кон играчите на РК Вардар.

По документирање на настанот против А.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава. Исто така, се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на навивач од Битола, кој по завршување на натпреварот запалил пиротехничко средство во салата. Додека, против организаторот ќе биде поднесена пријава согласно Закон за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img