10.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeРегионУапсен е 36-годишникот од Косово кој силувал малолетничка од Македонија

Уапсен е 36-годишникот од Косово кој силувал малолетничка од Македонија

- Advertisement -spot_img

Триесет и шестгодишен маж од косовскиот град Пеќ е во притвор откако пред три дена беше уапсен под сомнение дека силувал 14-годишно девојче од Македонија.

Осомничениот бил уапсен за време на викендот, откако полицијата открила траги кои воделе до него, а покрај тоа и сведочењето на девојчето било клучно за апсењето, пренесуваат косовските медиуми.

Жртвата и нејзината мајка го пријавиле случајот во полиција, а девојчето во детали им раскажало на истражителите за нападот, кој се случил во напуштена куќа во Пеќ.

Според сведоштвото, осомничениот ја принудил на сексуален однос. Од Основното обвинителство во Пеќ соопштија дека истрагата е во тек. Доколку биде обвинет и осуден, според косовските закони, на осомничениот му се заканува затворска казна до десет години.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img