домаХроникаУапсен е 26 годишен кавадарчанец – се самозадоволувал пред малолетничка на паркинг

Уапсен е 26 годишен кавадарчанец – се самозадоволувал пред малолетничка на паркинг

- Advertisement -spot_img

Полицијата во Кавадарци вчера уапси 26-годишен маж под сомнение за сторено кривично дело „задоволовување на полови страсти“ на јавно место.

Според информациите од СВР Велес, полицајците вчера попладне го привеле лицето Ј.Л. (26) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава од негова сограѓанка.

„26-годишна кавадарчанка пријавила дека во возило на паркинг простор во Кавадарци, лицето се самозадоволувало пред нејзината малолетна ќерка“, информираат од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Осомничениот веднаш бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

За случајот се известени Јавен обвинител и Центарот за социјални работи Кавадарци.

Од полицијата најавуваат дека по целосно документирање на овој непријатен настан, против сторителот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img