Полициски службеници од СВР Скопје вчера го лишиле од слобода В.Х. (21) од скопското село Идризово, осомничен дека му нанел тешка телесна повреда на 15-годишен малолетник.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, приведувањето следувало по пријава од таткото на повредениот, кој пријавил дека инцидентот се случил на 31 јули околу 23:50 часот во село Идризово, во врска со претходно нарушен јавен ред и мир.
Од МВР соопштија дека по целосно документирање на случајот, Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава против осомничениот за кривичното дело „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик.






