домаМакедонијаТурист од Грузија се удави во Охридското Езеро кај Пештани, пријавено и...

Турист од Грузија се удави во Охридското Езеро кај Пештани, пријавено и исчезнување на 15-годишна девојка

- Advertisement -spot_img

Турист од Грузија вчера го загубил животот во водите на Охридското Езеро кај Пештани, информира денеска СВР Охрид, пренесе МИА.

Според информациите од полицијата, во 14.32 часот било пријавено дека од езерото кај Пештани било извлечено машко лице. Екипа на Итната медицинска помош се обидела да го реанимира, но лекарите набргу констатирале смрт.

На телото немало видливи повреди. При извршениот увид било утврдено дека станува збор за 46-годишниот Б.Д. од Грузија.

По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција за утврдување на причината за смртта.

Во одделен случај, СВР Охрид утрово во 5.45 часот добило пријава за исчезнување на 15-годишна девојка од Охрид.

Нејзиниот 57-годишен татко Н.Ј. пријавил дека неговата малолетна ќерка К.Ј. вчера околу 16 часот се оддалечила од семејниот дом.

Од СВР Охрид информираат дека се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на девојката.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img