1.8 C
Skopje
22 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаТројца од Прифатен центар за странци приведени за разбојништво

Тројца од Прифатен центар за странци приведени за разбојништво

- Advertisement -spot_img

Инспектори од ЕВР-ОКР Кисела Вода денеска поднесоа кривична пријава против И.Ш.(20), Х.С.(20) и А.Г.(19), тројцата државјани на Р. Судан, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ во обид по член 237 во врска со член 19 од КЗ на РСМ.

Кривичното дело било пријавено на 19.02.2026 година, а се случило на трим патеката на ул. „11-ти Октомври“ во Скопје, додека оштетениот М.Т.(27) од Скопје се движел со своето куче, бил пресретнат од три лица кои побарале пари од него. Откако одговорил дека нема, му извршиле пребарување по џебовите по што физички го нападнале, нанесувајќи му видливи повреди и се оддалечиле во непознат правец.

По преземени мерки и активности, сторителите биле идентификувани и лишени од слобода. На 21.02.2026 година во просториите на Прифатен центар за странци, во присуство на јавен обвинител, било извршено препознавање при што оштетениот во целост ги препознал пријавените лица како сторители на кривичното дело.

Истиот ден, пријавените биле спроведени пред судија на претходна постапка во Основен кривичен суд Скопје, кој им изрече мерка притвор во траење од 30 дена.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img