HomeМакедонијаТри нови е-услуги за високото образование достапни на порталот uslugi.gov.mk објави...

Три нови е-услуги за високото образование достапни на порталот uslugi.gov.mk објави Скопје1.мк

- Advertisement -spot_img

На Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk се воведени три нови дигитални услуги кои се однесуваат на високото образование, со што се комплетира пакетот електронски услуги наменети за оваа област.

Новите услуги имаат за цел да го поедностават процесот на доставување статистички податоци за високото образование и да овозможат побрза и поефикасна размена на информации меѓу институциите.

Со нивното воведување, институциите и високообразовните установи ќе можат електронски да ги пополнуваат и доставуваат потребните податоци, без дополнителни административни процедури и со значително заштедено време. На овој начин и Државниот завод за статистика ќе може побрзо да ги собира и обработува потребните информации.

Од Министерството за дигитална трансформација посочуваат дека дигитализацијата на овие услуги е дел од пошироката стратегија за модернизација на јавната администрација и за подобрување на пристапот до јавните услуги преку интернет.

Во наредниот период се очекува на порталот да бидат воведени и дополнителни електронски услуги поврзани со високото образование, меѓу кои и услуги за евиденција на новозапишани студенти. објави Скопје1.мк

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img