HomeХроникаТри лица и една фирма од Свети Николе кривично ќе одговараат поради...

Три лица и една фирма од Свети Николе кривично ќе одговараат поради точење алкохол на малолетници во угостителски објект

- Advertisement -spot_img

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против правно лице од Свети Николе, Б.К.(34) – одговорно лице во правното лице и С.С.(21), двајцата од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалоци на дете“ и против А.П.(37) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“.

Како што се наведува во полицискиот билтен, на 12.04.2025, во периодот од 20:00 до 23:00 часот во угостителски објект во Свети Николе, второпријавениот  со пропуштање на должен надзор овозможил и дозволил да се врши точење на алкохол на деца, а третопријавениот С.С., вработен како келнер, со алкохол послужил тројца малолетници.

Четвртопријавениот, пак, утредента ги избришал снимките од видео надзорот во угостителскиот објект.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img