HomeМакедонијаТренчевска: Власта не го штити животниот стандард на граѓаните

Тренчевска: Власта не го штити животниот стандард на граѓаните

- Advertisement -spot_img

На оваа власт не ѝ е во интерес животниот стандард на граѓаните, туку како да ги заштити своите бизниси и приватните компании, истакна потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, во емисијата „Топ тема“ на тв Телма.

Таа се осврна на растот на цените на нафтата, храната и другите основни производи како последица на војната во Иран и на фактот што власта нема одговор како да се справи со кризата.

„Бензинот се покачи, а цената на зејтинот е над 100 денари во маркетите и се најавуваат нови поскапувања. Мерки се потребни, џабе е што премиерот ги моли големите маркети да не ги покачуваат цените“, нагласи Тренчевска.

Таа потсети дека СДСМ предложи конкретни мерки но власта ги одби.

„Пред еден ден излеговме со барање Владата да ја намали акцизата за 4 денари и ДДВ-то на нафтените деривати од 18 на 5 проценти. Имаме право на тоа, затоа што сме носеле одлуки во една ваква криза за доброто на граѓаните и за подобрување на нивниот животен стандард“, нагласи Тренчевска.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img