домаМакедонијаТренчевска: По две години Влада на Мицкоски, граѓаните живеат поскапо и потешко

Тренчевска: По две години Влада на Мицкоски, граѓаните живеат поскапо и потешко

- Advertisement -spot_img

По две години од формирањето на Владата предводена од Христијан Мицкоски, нема повисок животен стандард, платите не го следат растот на цените, а најранливите категории граѓани се заборавени, обвини пратеничката и потпретседателка на СДСМ, Јована Тренчевска.

Таа оцени дека власта не ги исполнила клучните социјални и економски ветувања, додека трошоците за живот, сиромаштијата и неизвесноста продолжиле да растат.

„Народот живее потешко, поскапо и понеизвесно. Нема ништо од ветувањата за зголемен животен стандард, повисоки плати и достоинствен живот за социјално ранливите категории“, рече Тренчевска.

Според неа, Владата ветувала инфлација од 2,5 проценти, додека актуелната стапка изнесува 4,8 проценти. Таа додаде дека на едно четиричлено семејство му се потребни речиси 70.000 денари месечно за покривање на основните трошоци, што е еквивалент на речиси три минимални плати.

Тренчевска тврди дека платите не го следат растот на цените и дека работниците, иако работат исто, денес можат да купат помалку отколку пред две години.

Таа ја критикуваше и политиката на Владата кон пензионерите, оценувајќи дека со промената на системот за усогласување на пензиите дел од нив добиле помало зголемување отколку што би добиле според претходниот модел.

Според Тренчевска, не се реализирани ниту ветувањата за годишно зголемување на гарантираната минимална помош, поголем посебен додаток и повисоки надоместоци за родителите кои се грижат за деца и лица со попреченост.

Таа посочи дека не се изградени нови домови за стари лица и дневни центри за лица со попреченост, ниту е воведен најавениот поврат на персоналниот данок за вработените мајки по завршувањето на породилното отсуство.

Од ВМРО-ДПМНЕ ги отфрлија обвинувањата и соопштија дека од 2024 година просечната нето-плата била зголемена за близу 8.000 денари, како и дека биле зголемени пензиите и платите во повеќе сектори. Партијата тврди и дека невработеноста е намалена, а економијата бележи раст.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img