5.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаТрамп воведе царински стапки за 69 држави, Македонија доби 15 отсто

Трамп воведе царински стапки за 69 држави, Македонија доби 15 отсто

- Advertisement -spot_img

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе високи тарифи за извоз од десетици трговски партнери, вклучувајќи ги Канада, Бразил, Индија и Тајван, а наредбата воведува стапки на увозни давачки од 10% до 41% почнувајќи за седум дена за 69 трговски партнери.

Новите царини на Трамп ги опфатија и Македонија и земјите од регионот. Стоките од нашата земја ќе се царинат со стапка од 15 отсто, од Србија 35 отсто, од Босна и Херцеговина 30 отсто, додека земјите од Европската Унија со 15 отсто.

Наредбата на Трамп вклучува и 35 отсто царина за многу стоки од Канада, 50 отсто за Бразил, 25 отсто за Индија, 20 отсто за Тајван и 39 отсто за Швајцарија.

Некои од државите постигнаа договори за намалување на царините, а други немаа можност да преговараат. Трамп направи исклучок за некои стоки испратени во текот на следната недела. Стоките од сите други земји кои не се наведени во одлуката ќе подлежат на данок на увоз од 10 отсто од САД. Трамп претходно изјави дека таа стапка може да биде повисока.

Администрацијата, исто така, најави дека се во тек повеќе трговски договори, бидејќи се стреми да ги намали трговските дефицити и да ги поттикне домашните фабрики.

Трамп изјави дека денеска е постигнат одличен договор за земјата, а во наредбата вели дека некои трговски партнери, и покрај тоа што се вклучија во преговори, не понудија услови кои ја решаваат нерамнотежата во трговските односи или не успеаја доволно да се усогласат со Соединетите Држави по економски и прашања од националната безбедност.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img