Иран го одбил предлогот за прекин на огнот што, според неименувани извори, американскиот претседател Донад Трамп го упатил до Техеран преку ирачкиот премиер. Наместо смирување на тензиите, од Иран стигна предупредување дека доколку продолжат нападите, Израел може да биде следната цел, пренесе денеска „Њујорк тајмс“.
Според истите извори, посетата на ирачкиот премиер Али ал-Заиди на Иран уследила по неговата неодамнешна средба со Трамп во Белата куќа.
Деталите од предлогот за прекин на огнот сè уште не се познати, но иранските претставници изјавија дека тоа е единствената понуда на маса и оти нивната влада не е заинтересирана за привремен договор што би го оставил нерешено прашањето за контролата врз Ормускиот Теснец, пишува весникот.
Неуспешниот обид за посредување доаѓа во момент кога Трамп се заканува со дополнителна ескалација на конфликтот и со напади врз клучната иранска инфраструктура.






