Вчера во 08:00 часот, во просториите на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, беше пронајден починат 57-годишниот професионален пожарникар Зоран Атанасовски од село Мралино, општина Илинден.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото било дадено на обдукција за утврдување на точната причина за смртта.
Зоран Атанасовски беше посветен на својот професионален пат како пожарникар, а неговиот придонес во заштитата на животите и имотот на граѓаните ќе остане запаметен. Вечна му слава.







