-1.2 C
Skopje
2 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаТрајков: Eпстин од професор по математика станал бизнисмен со конекции и влијание...

Трајков: Eпстин од професор по математика станал бизнисмен со конекции и влијание ширум целиот свет

- Advertisement -spot_img

Во вечерашната Топ Тема зборуваше и новинарот Игор Трајков кој објасни дека вкупниот број на податоци поврзани со Џефри Епстин се околу 6 милиони документи вклучувајќи електронска пошта, видеа и фотографии.

„Демократите со месеци водеа битка за да го издејствуваат нивно објавување, Трамп тоа исто така го спомнуваше на изборите, но се предомисли кога се врати во Белата Куќа. Сепак од септември се донесе закон за објавување на документите. Остануваат околу два ипол милиони необјавени документи кои ги потхрануваат шпекулациите и теориите на МАГА движењето“, рече новинарот Игор Трајков.

Џефри Епстин повеќе од 30 години по појавување во американската јавност останува енигма, тој се самоуби во 2018 година, и се уште по неговата смрт многу работи се непознати. Трајков раскажа како Епстин од својата скромна кариера како професор станал влијателна личност на американските простори.

„Неговата професионална кариера започнува како наставник по математика, па по некое кратко тој развива модел на инвестирање на американски берзи и отвора неколку компании. Тој станува, финансиски советник, филантроп и започнува да се дружи со највисокото друштво на политичари, бизнисмени. Од непознат бизнисмен станува познато лице организирајќи раскошни забави на кои присуствувале познати личности, музичари, актери и политичари и со тоа го зголемува неговото влијание. Лобира за измени на закони, се обидува да лобира во американска и европска дипломатија“, посочува Трајков.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img