0.8 C
Skopje
24 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаТрајановски: Шилегов и Деспотовски напаѓаат со цел „стани ти да седнам јас“

Трајановски: Шилегов и Деспотовски напаѓаат со цел „стани ти да седнам јас“

- Advertisement -spot_img

Фокусирани сме на она на што треба да бидеме фокусирани како раководство, како општински организации, а тоа е претстојниот Конгрес каде што ќе треба да биде претставена новата програма, новиот концепт и да се слушне мислењето на делегатите, да се слушнат позитивните работи, нормално секогаш сме тука и за негативните работи. Мислам дека Конгресот ќе помине во најдобар ред и за тоа се спремаме, вели во интервју за „Трилинг“ Александар Трајанoвски, потпретседател на СДСМ.

Прашан околу некои изјави дека Конгресот би можел да пропадне, како и ставовите на Шилегов и Деспотовски каде се најавува можен раздор во партијата, Трајановски го исклучува таквото сценарио.

-Во претходниот период направивме безброј разговори, консултации, сите делегати се искомуницирани. Тврдам дека не ни станува збор за некакво пропаѓање или саботирање на Конгресот. Сите делегати ќе дојдат затоа што таму е местото каде што треба да се дебатира. Треба да се разговара, тоа ќе биде еден отчетен Конгрес за минатите локални избори, така што секој ќе си го каже својот збор. Сметам дека доколку и има некое незадоволство или има несогласување, Конгресот е простор каде што се тоа треба да се рефлектира, прикаже.

Излегувањата во јавност на претходни наши сопартијци, како што се Шилегов и Деспотовски не би ги коментирал затоа што за мене е излишно да се коментираат наши сопартијци кои бараат оставка на ова раководство, или ја напаѓаат партијата со цел – стани ти да седнам јас. Не го прифаќам тој начин на конверзација и не го прифаќам воопшто тој начин на размена на идеи преку социјални медиуми, напаѓања преку социјални медиуми, или пак излегување по телевизии и плукање по СДСМ – вели тој.

Прашан дали е точно дека се откажале од од дел поранешните високи функционери како Игор Ивановски, Гордан Георгиев, Костадинов, Трајановски вели дека никој од никого не се откажал.

-Претседателот Филипче има разговарано со сите, така што подадена е рака на секого. Нивно е да одлучат дали се препознаваат во овој концепт или ќе седат на страна. Така што СДСМ не е откажан од никого. Но ние како партија не може да трпиме атак од поранешни функционери кои добиле се од СДСМ и тој атак да остане од нас игнориран. Во еден аспект како партија мора да се заштитиме, но и да дадеме одговор на неаргументирани напади.

Ќе го спомнам господинот Јован Деспотовски. Излегуваше по социјални медиуми, го напаѓа претседателот Филипче, раководството дека ја уништува системски партијата, што е апсолутно неточно. Ако некој стварно мислеше дека после онаков пораз на парламентарните избори во кои беа дел сите, а и господинот Деспотовски како функционер, ќе освоиме голем број на општини, тогаш за мене е политички лаик – вели Трајановски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img