Како што информира Министерството за внатрешни работи, Тошковски од страна на раководствата на СВР Охрид и ОВР Струга беше информиран за безбедносната состојба во регионот, со забележителни резултати во справувањето со насилниот криминал и видлив напредок во подобрувањето на сообраќајната безбедност – област во која и понатаму ќе се вложуваат дополнителни напори.








