домаМакедонијаТошковски е против Армија кај водоводите: Тоа не е работа на војската,...

Тошковски е против Армија кај водоводите: Тоа не е работа на војската, опозицијата, без хистерија, да се фокусира на доброто за граѓните

- Advertisement -spot_img

За министерот за внатрешни работи Панче Тошковски неприфатлив е предлогот на опозицијата водоводите да ги чува Армијата оти сегашното обезбедување се покажа нефункционално, по загадувањето со фекални бактерии на водата во Гостивар. Тошковски денес соопшти дека водата во Гостивар е прочистена до степен да се користи како техничка, но не и за пиење и одговарајќи на новинарски прашања кажа зошто е против предлогот Армијата да ги чува водоводите во земјава.

„Дали лично сметам дека војската треба да обезбедува водоводни системи? Не. Не сметам. Тоа не е работа на Министерството за одбрана и не е работа на војската, барем не во мирнодопски услови“, рече министерот Тошковски.

Тој смета дека секоја институција во рамки на општините која е надлежна да ги чува водоводите е должна а ги преземе сите неопходни законски мерки за водата да биде безбедна. Тошковски порача опозицијата да не шири хистерија туку да работи за доброто на граѓаните.

„А на опозицијата би ѝ препорачал: наместо да ја замрачува атмосферата кај граѓаните, наместо да предизвикува хистерии, наместо да ја насочува кон уривање на сè она коешто е видливо за граѓаните, а тоа е дека оваа Влада навистина прави максимум од она коешто го начекавме, а начекавме тоа што начекавме, навистина јас би им препорачал да се фокусираат на доброто на граѓаните, ама искрено, не со хистерија. Зошто? Заради тоа што дали на вонредни избори, дали на редовни избори, граѓаните се многу мудри и гледаат што се случува и ќе ги остават таму каде што се моментално, уште многу години ако вака продолжат. Ова е еден добронамерен совет од мене до опозицијата“, рече министерот Тошковски.

Водата во Гостивар од денеска може да се користи за технички потреби, како капење, перење, миење садови и одржување на домаќинството, но и понатаму не е дозволена за пиење и подготовка на храна.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img