Притворениот директор на Државниот инспекторат за земјоделство Васе Анакиев поднел жалба за определниот притвор определен откако беше фатен со 50 илјади евра кои според истрагата ги барал за мито за да издаде согласнот за влез на камион со земјоделска стока.
Судот ќе одлучува по жалбата, а министерот за внатрешни работи Тошковски вели дека пораката на случајот е јасна за рекетирање и функционери фатени ин флагранти ќе има истрага и одговорност. Анакиев инаку е и потпретседател на Социјалистичката партија.








