домаСпортТоп 10 најплатени фудбалски селектори во светот – Карло Анчелоти на чело

Топ 10 најплатени фудбалски селектори во светот – Карло Анчелоти на чело

- Advertisement -spot_img

Карло Анчелоти, предводникот на Бразил е најплатениот селектор во светот на фудбалот.

Како што објавија светските медиуми и специјализираните портали, легендарниот италијански стручњак ја предводи бразилската репрезентација со фантастична плата од 10 милиони евра по сезона, со што Бразилската фудбалска федерација (CBF) покажа дека не штеди средства за да го врати „Селесао“ на старите патеки на успехот.

Зад Анчелоти се позиционирани селекторите на европските репрезентаации. Германците, Јирген Клоп годишно го плаќаат седум милиони евра. По него следуваат селектори на САД и Англија, Маурисио Покетино и Томас Тухел.

Интересно е што меѓу петте најплатени, само Јирген Клоп и Луис де ла Фуенте ги предводат репрезентациите на својата земја, додека Бразил, САД и Англија им ја укажаа довербата на странци.

Интересно е да се истакне дека Роберто Манчини се врати на клупата на „Азурите“, но прифати значително поскромни услови во споредба со неговите претходни арапски ангажмани, па ја предводи Италија за „само“ малку повеќе од два милиони евра нето годишно, што не беше доволно за да биде меѓу Топ 10 најплатени селектори на планетата.

Топ 10 најплатени слектори во светот:

1. Карло Анчелоти (Бразил) 10 милиони евра
2. Јирген Клоп (Германија) 7 милиони евра
3. Маурисио Покетино (САД) 6,8 милиони евра
4. Томас Тухел (Англија) 6 милиони евра
5. Луис де ла Фуенте (Шпанија) 5 милиони евра
6. Жорже Жесус (Португалија) 4 милиони евра
7. Фабио Канаваро (Узбекистан) 4 милиони евра
8. Зинедин Зидан (Франција) 3,6 милиони евра
9. Чави Ернандез (Холандија) 3 милиони евра
10. Лионел Скалони (Аргентина) 2,6 милиони евра.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img