Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, упати новогодишна честитка до сограѓаните, посакувајќи им добро здравје, лична среќа, семејна благосостојба и успех во секојдневниот живот.
Во пораката, Тоневски изрази надеж дека 2026 година ќе биде година на нови можности, заедништво и напредок, во која заедно ќе продолжи изградбата на Пробиштип како современа, хумана и просперитетна средина за живеење.
Тој истакна дека со заедничка посветеност, одговорност и меѓусебна почит, Општината ќе успее да ги реализира сите зацртани цели во интерес на граѓаните и иднината на локалната заедница.







