6.8 C
Skopje
20 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаТоневски на средба со „Вита-Максима“: Најава за регионален стационар и програма за...

Тоневски на средба со „Вита-Максима“: Најава за регионален стационар и програма за стерилизација на миленици

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот Тони Тоневски оствари работна средба со активисти од здружението „Вита-Максима“, посветена на актуелната состојба со бездомните животни и можностите за унапредување на постапките за нивно хумано заловување и згрижување.


На средбата била споделена иницијативата за изградба на регионален стационар за бездомни миленици, проект кој, според Тоневски, ќе претставува одржливо и системско решение за проблемот со кучињата скитници на ниво на целиот регион.
„Овој проект ќе биде дополнително разработен во наредниот период и има за цел да обезбеди хуман третман и подобра контрола на популацијата на бездомни животни“, истакна тој.


Во соработка со здружението и ветеринарните станици, општината планира во втората половина од годината да обезбеди конкретна поддршка за стерилизација на домашните миленици – мерка што се смета за клучна во превенцијата на појавата на нови бездомни животни.


Тоневски нагласи дека преку координирана работа со граѓанскиот сектор и стручните служби може да се изгради похумана и побезбедна средина и за граѓаните и за животните.


Средбата со „Вита-Максима“ беше оценета како конструктивна и плодна, со заедничка заложба проблемот со бездомните животни да се решава системски и долгорочно.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img